Уште десет сомнителни „кардиолошки“ случаи пријавени во Здравствениот фонд
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2025 16:28
Уште десет сомнителни „кардиолошки случаи“ стигнале во Фондот за здравствено осигурување од индивидуи и организации како сомнителни и преплатени операции.
Од ФЗО за Телма велат дека ќе ги достават до Министерството за здравство. Претходно, до нив стигнаа и пет предмети кои сега ги разгледува домашната комисија.
Според извори на Телма нови десетина случаи ќе достави и приватна болница за сомнителни операции кои биле вршени во државно здравство.
Ресорното министерството, пред две недели, побара од Лекарската комора да изврши надзор во 11 јавни и приватни здравствени установи во кои се извршувале кардиолошки, кардиохируршки и кардиоваскуларни интервенции.
Надзорот, како што појаснуваат од Комората, треба да опфати период од три години, и да се изведе по принцип на случаен избор на медицински истории. Но, поради обемноста, велат побарале од здравство изборот да се направи преку електронскиот систем „Мој термин“, како најбрз начин за селекција, со цел побрзо да почне надзорот.
Пред еден месец, државната кардиохирургија ги достави првите осум случаи до домашната комисија.
Случајот за непотребни операции на срце го отвори кардиологот Сашко Кедев. По обвинувањата дека приватни болници непотребно оперирале само за профит, министерот за здравство формираше две комисии, домашна и странска, кои треба да ги разгледаат сомнежите.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




