Уште двајца градоначалници се заразени со коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Ноември, 2020
Во земјава тројца градоначалници се позитивни на коронавирусот и тоа го соопштија на социјалните мрежи.
Градоначалникот на Оптина Новаци Љубе Кузманоски е позитивен на Ковид 19.
Утрово ова го соопшти на неговиот профил на Фејсбук.
„Би сакал да Ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вчера добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми на кашлица и веќе сум во домашна самоизолација. Сите службени обврски и работни активности ќе ги извршувам од дома. Почитувајте ги препораките и мерките пропишани од Министерството за здравство и Владата, бидејќи само на тој начин ќе се заштите вие, вашите најблиски но и целото опкружување. Чувајте се! Со почит, Љубе Кузманоски градоначалник на Општина Новаци“ напиша Кузманоски.
И градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски е позитивен.
Градоначалникот на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски е позитивен на Ковид -19.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.