19 Мај, 2024
0.0276

Уште еден љубилеј за Макпрогрес Виница – 20 години од производите на Сончева Долина

Објавено во: Мои пари 28 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

20 години речиси и да не поминал ден во едно македонско домаќинство без некој од производите на Сончева Долина – брендот на Макпрогрес Винициа кој летово го прославува своето јубилејно постоење.

Името на брендот е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на Сончева Долина.

Главна дејност на Сончева Долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Денес произведува  преку 1.000 тони производи годишно. Производите на Сончева Долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.

Sonceva dolina

Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехрамбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.

Макпрогрес е компанија која постојано вложува и ја проширува палетата на производи трудејќи се да ги задоволи различните потреби и барања на потрошувачите. Со вметнување на производната линија на производи кои во себе не содржат глутен, а се богати со витамини и минерали, Сончева Долина беше меѓу првите брендови во Македонија кој ги направи своите производи безбедни за малите дечиња и посакувани на секоја трпеза.

Производите кои се произведуваат, пакуваат и продаваат под Сончева Долина се производи што во целост ја имплементираат, поддржуваат,  и спроведуваат на дело визијата и мисијата на Макпрогрес.

Производите на Сончева Долина се инспирација за збирка рецепти - “Вкусна инспирација од Сончева Долина“, која компанијата ја издаде за да го збогати менито на македонските трпези. Рецептите во збирката се совршен баланс на традиција, квалитетни суровини и креативни рецепти. Готвачот “Вкусна инспирација од Сончева Долина“ можете да го симнете од следниов линк:http://www.soncevadolina.mk/cookbook

Успехот на компанијата е резултат на постојано унапредување на производството и рецептурите, примена на најсовремена техника и технологија и имплементација на меѓународни стандарди. Макпрогрес ДОО е прва компанија во Република Македонија која основа бренд за пакувани основни намирници во земјава, кои претходно се продаваа само на размер на пазарите.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст