Уште една лекарка тврди дека коронавирусот е создаден во лабораторија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 17 Септември, 2020
Уште една лекарка тврди дека коронавирусот е создаден во лабораторија.
Даница Грујичиќ, директор на Институтот за онкологија во Белград вели дека од појавата инфекцијата Ковид-19, знаењето за овој биолошки агенс се смени.
„Лично, јас сум длабоко убедена дека станува збор за лабораториски вирус и некаков вид биолошко оружје. Кој болен ум го има направено и за каква цел, не можам да одговорам на ова прашање“, изјави Грујичиќ.
Вели дека не можат да одговорат кој би можел да го создаде тој билошки вирус.
„Сепак, единственото нешто што не се менувало цело време и важи и денес е спречување на пренесување на болеста, како што се носење маски, миење раце, редовна хигиена, капење и миење на косата. Убедена сум дека ако се придржуваме до заштитните мерки, не е далеку моментот кога ќе можеме да го поразиме вирусот“, вели таа.
Од Твитер го избришаа профилот на кинеската лекарка, Ли Менг Јан, која откри дека коронавирусот е вештачки создаден во лабораторија во кинескиот град Вухан.Нејзиниот профил беше суспендиран во вторникот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.