УШТЕ ЕДНА ПОРАКА ОД ЌОСЕТО: „Ја оставив фамилијата и заминав во затвор, а токму тие за кои се борев најмногу плукаат“
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2025 15:00
Горан Ангелов – Ќосето, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, испрати нова порака од затвор преку социјалните мрежи. Во неа, тој вели дека веќе осум години издржува казна „за Македонија“, оддалечен од своите деца, кои, според него, „пораснале без него“, а сограѓаните го осудувале и го нарекувале предавник.
„Осум години од мојот живот ги поминав далеку од семејството, децата пораснаа без мене – сето тоа за Македонија. И денес, поради исечени и монтирани клипови, ме нарекуваат „предавник“. Јас се борев во 2001 година додека други се криеја. За 27 април ме осудија како „терорист“, ја оставив фамилијата и заминав во затвор, а токму тие за кои се борев најмногу плукаат.
Се замерував со Бугари, со Албанци, јавно застанував за државата – а вие? Знаете ли кои сте и за што стоите?
Не заслужувате човек да мрдне со прст за вас. Љубомората кон мојата големина ве заслепува. Ако мислите дека е лесно – ете, пробајте вие да лежите и да се борите, можеби и вас ќе ве наречат „предавници“.
Црното добро ми стои, а негативната реклама е сепак реклама. Ви благодарам на сите што ме плукавте – искрено, благодарам и пријатно!“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




