16 Декември, 2025
0.0714

УШТЕ ЕДНА ВОЈНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Израел и Газа разменуваат бомби наместо зборови!

Објавено во: Свет 09 Јули, 2014 14:35

Добивај вести на Viber

Израел значително ја прошири својата офанзива во Појасот Газа, најавувајќи и копнени напади. Две ракети испукани од Газа биле пресретнати и соборени над Тел Авив, соопшти израелската војска. Во претпладневните напади на израелските безбедносни сили денеска врз Газа загинаа најмалку осум лица. Со ова, бројот на жртвите надмина 30, од кои поголемиот број се цивили, а има и деца. Но и палестински Хамас не мирува. Израелските граѓани во изминатите неколку дена се цел на ракетни напади од Газа. Само во последните два дена се упатени повеќе од 300 ракети на градови ширум Израел, вклучувајќи го и Ерусалим, Тел Авив, Бершево и други. Ова е најголем израелско-палестински судир од ноември 2012 година, а загриженоста дополнително ја подгреваат информациите дека Израел планира масовна копнена офанзива. Израелскиот министер за одбрана Моше Јаалон најави дека израелската воена кампања против Хамас во Појасот Газа ќе се прошири во следните денови и се закани дека со неа „ќе биде наплатена огромна цена“. Американскиот претседател Барак Обама, во текст објавен во германскиот весник „Цајт“, апелира до двете страни во судирот што се разгорува да покажат воздржаност и да не делуваат со желба за одмазда.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“