19 Декември, 2025
0.0550

УШТЕ ЕДНО МЕДИУМСКО РАЗОЧAРУВАЊЕ: Гоце Михајлоски си заминува од Нова, причините ги образложи на Фејсбук

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2017 12:06

Добивај вести на Viber

Новинарот Гоце Михајлоски повеќе не е дел од тимот на телевизија Нова на бизнисменот Сеад Кочан. 

Веста дека дал отказ ја објави на Фејсбук. Наведува дека отказ дал од повеќе причини и тоа концепциски, организациски, кадровски, па се до финансиски. 

„За жал, голем дел од јадрото професионални новинари кое ми даваше надеж дека еден ден ТВ Нова ќе стане „македонски CNN“, последните неколку месеци ја напушти куќата и со тоа трајно и неповратно го урна сонот. Кога прифатив да бидам дел од тимот, силно верував дека е можно да се биде пристрасен, но професионален медиум. Да се биде „провладин“ или „опозициски“ во изборот на темите не е грев, доколку се запазуваат професионалните стандарди и етичките норми во известувањето. Впрочем, така функционираат поголемиот дел од медиумите во пазарните општества - едноставно секој сопственик има одредени политички и бизнис интереси и легитимно е да се обидува да ги наметне во јавниот дискурс. На новинарите е да внимаваат тоа да биде согласно правилата, да нема лаги и клевети, а дали и колку медиумот ќе успее да се наметне во јавноста одлучува господарот на далечинскиот – гледачот. Тој што треба и мора да биде неутрален и целосно избалансиран, според моето мислење, е единствено Јавниот сервис, кој се финансира со пари на сите граѓани. Борбата ние да бидеме професионални во рамки на уредувачката политика, ја водев неуморно секој ден. За жал, некогаш политичките влијанија беа посилни од нас“ - напиша Михајлоски. 

Јавноста го знае Михајлоски како новинар кој подолго време работеше во А1 тв и 24 вести. 

Медиумите објавија вчера дека новинарите од овој медиум се исплашени дека е крај затоа што веќе три плати им доцнат. 

И претходно новинарите се жалеа дека доцнат плати, а деновиве уредничлата Билјана Василева-Трендафилова не беше достапна за коментар. 

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината