УШТЕ НЕ СТАНАЛ ГРАДОНАЧАЛНИК, НИКОЛОСКИ ВЕЌЕ КАЖА НА ШТО ЌЕ РАБОТИ ЃОРЃИЕВСКИ: Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси
Објавено во: Македонија 07 Јули, 2025 07:00
Министерот за транспорт, Александар Николоски преку социјалните мрежи најави три проекти за Градот Скопје кои ќе се спроведат со, како што рече, новиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.
Актуелниот градоначалник на Кисела Вода вчера од партијата ВМРО-ДПМНЕ беше претставен за кандидат за Град Скопје на претстојните локални избори.
-Градски воз, трамвај и електрични еколошки автобуси. За решавање на сообраќајот и намалување на загадувањето! Ова се три крупни проекти, историски би рекол, кои координирани од премиерот Христијан Мицкоски и во соработка со новиот Градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе ги реализираме! Со Орце се знаеме со децении. Беше и шеф на кампања во Изборната Единица 4 во 2020 година кога ја имав честа да сум носител. Орце е цврст карактер и голем борец. Ќе победи и ќе биде одличен градоначалник, вели Николоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




