Се корегираат грешките: Уште нема учебници за новата учебна година
Објавено во: Македонија 31 Август, 2018 07:03
Поради корекции на грешките и исправки на нелогичности од страна
на Министерството за образование и наука, се уште не се подготвени бесплатните
учебници за средно образование, иако училишната година започнува в понеделник на
3 септември.
Договорите со издавачките куќи кои треба да ги достават учебниците низ средните училишта се финализирани пред две недели, односно на две и пол недели пред почетокот на училишната сезона 2018/2019 преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас.
Според договорите, испораката и примопредавањето на учебниците до училиштата издавачите имаат можност, односно обврска, да ги направат дури на 7 септември, рок по завршувањето на првата училишна седмица. Дополнително, откупувачот може да му даде дополнителен рок на издавачот, доколку овој испрати известување дека доцни со доставувањето од оправдани причини.
Од издавачките куќи потврдија дека се уште не се изработени учебниците, кои засега не може да се подигнат ниту бесплатно ниту со купување од страна на поединци.
- Учебници нема. Знаеме само дека се брза да се направат корекции и да се надминат грешките од минатогодишните учебници. Станува збор за систематски исправки и редактирање, кои ние само технички ги извршуваме на учебниците а од МОН ни ги укажуваат - велат од издавачките куќи.
Инаку досегашната литература беше критикувана од стручната јавност, родителите и учениците дека изобилува со нејаснотии и контрадикторности.
Од Министерството за образование и наука рекоа дека одговори на сите прашања ќе даде министерот Арбер Адеми на тематска прес-конференција.
- За сите прашања поврзани со учебниците кои се применуваат во основното и средното образование, направените корекции, набавката и дистрибуцијата, министерот за образовние и наука ќе информира на тематска прес конференција во текот на утрешниот ден,ни одговорија вчера од таму.
Според добиените договори, Просветно дело ќе продуцира учебници за 25,305 милиони денари, Ст.Џорџ Дооел за 16,905 милиони, Арс Ламина за 6,562 милиони, Арберија Дисајн за 4,987 милиони, Алби Доо за 3,990 милиони, Албас Доо за 1,155 милиони. За помалку од еден милионденари ќе продуцираат Арс студио Тамара, Култура, Евро култ 2000, Македонска искра, Топер, Издавачки центар Три и Чабеј графика.
Александар КузмановскиМожеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




