УШТЕ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ,ОЛУЕН ВЕТЕР: Попоски најавува катастрофални поплави!
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2023 09:55
Во следните часови опасност од појава на ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ, како и на ГОЛЕМИ ПОРОЈНИ ПОПЛАВИ има во централниот дел од Македонија. Локално НЕВРЕМЕ се очекува и во другите делови од Македонија.
За кратко време и тоа со појавата на НЕВРЕМЕ ќе наврнат дури над 20 л/м2 водел талог, а невремето кое се очекува во Македонија ќе биде проследено и со ОЛУЕН ВЕТЕР, силни електрични празнења, како и со појава на град.
Опасност од појава на НЕВРЕМЕ и локални поројни поплави постои и во делови од Скопската котлина.
АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на НЕВРЕМЕ.
Поради очекуваните интензивни врнежи од дожд, во следните десет денови се очекува зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија, дури можно е и излевање на некои од помалите реки.
Територијата на Македонија, како и на целиот регион оваа седмица ќе биде под влијание на Средоземен циклон, и истиот ќе направи МНОГУ ПРОБЛЕМИ во Македонија, и насекаде низ регионот.
Ова лето врнежите ќе ни прават МНОГУ ПРОБЛЕМИ, со што се можни и КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ.
Температурите во следните неколку денови ќе бележат тенденција на ПАД, и тоа поради продор на посвежа воздушна маса од север. За првиот изразен топлотен Африкански бран и понатаму ќе се изначекаме, и истиот го нема на видик – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




