19 Декември, 2025
0.0637

УШТЕ ПОВЕЌЕ ЌЕ СТУДИ, А ЌЕ ПАЃА И СНЕГ: Еве што најавува Попоски

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2024 07:00

Добивај вести на Viber

До крајот на оваа работна недела во Македонија ќе имаме студено време, со значително потпросечни температури на воздухот за овој период од годината, и тоа особено во четврток и во петок кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, а наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени.

Исто така, особено во четврток и во петок  повторно во Македонија на повеќе места ќе има нови повремени врнежи со променлив интензитет. Врнежите ќе бидат од дожд на ниските, и од снег на повисоките места  и на планините, каде ќе има формирање на нова снежна покривка. Сепак поради дополнителното заладување на времето, врнежи од снег ќе има понекаде и на местата со помала надморска височина (населените места), особено во северните  и во западните предели од Македонија.

Во четврток и во петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

И во Скопскиот регион, особено во четврток и во петок ќе има повремен дожд и повремено засилен ветер од северен правец. На повисоките места, односно на околните планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.

Поради ваквата состојба, на возачите им препорачуваме да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено вои четврток и петок кога очекуваме нови врнежи од дожд и снег.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот