Уште седум ново инфицирани со Ковид-19 во Куманово
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 04 Април, 2020 13:20
Во Куманово има уште седум нови инфицирани пациенти со Ковид-19, но меѓу нив нема ниту медицинско лице, велат од Центарот за јавно здравје на Куманово, за разлика од вчера кога беа регистрирани дури 11 на инфективното одделение во кумановската болница.
Инаку, општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово денеска уште еднаш упати апел до своите граѓани при појава на какви било симптоми, кои можат да укажат на инфекција со корона вирус, веднаш да го исконтактираат својот матичен лекар и доколку бидат упатат до болница да не одбиваат хоспитализација ако тоа им е препорачано од дежурниот лекар.
Дежурен телефон на Општинскиот штаб за заштита и спасување е 078 365 061, на кој граѓаните ќе можат да ги добиваат потребните информации, информираат од таму. Апелираат повеќе аптеки во градот да воведат деѓурства, бидејќи во моментов отворена е само Провиталис и нејзиниот телефонски број е 031 415 303.
Бараат од Владата да биде донесена мерка со која маркетите и продавниците ќе можат телефонски и онлајн да вршат продажба на прехранбени продукти и диструбуција до купувачите на домашна адреса во деновите кога трае целодневниот полициски час.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





