18 Јануари, 2025
0.0276

УСЛОВИ ПОД СЕКОЕ ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО: Почина затвореник, според лекарот „не му било ништо“

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Услови под секое човечко достоинство, здравствена услуга на ниско ниво, стотици затвореници оставени без грижа од лекари. Ова е само мал дел од постојаните укажувања на состојбите во затворот во Идризово за кои досега многу пати предупредуваше Народниот правобранител.

Доказ за погореспоменатите работи е случајот кој се случил вчера вечерта околу 21.45 часот кога на пат од Кривично правната установа Идризово кон Клинички центар во возило починал 46-годишен затвореник од струшкото село Радожда.

Лекар од Итна медицинска помош на затвореникот Златко Шеќеровски му констатирал смрт.

Сега починатиот според сведоштва на билсиките во затворската амбуланта неколку пати рекол дека не се чуствува добро.

Телма пренесе дека според она што го сведочат оние кои се во затворот со починатиот неколку пати му се слошило.

Во затворската амбуланта го прегледал лекар кој го прегледал и му го измери крвниот притисок при што го пратил назад во ќелија со образложение дека не му е ништо.

Вчера попладне Златко повторно се упатил кон амбулантата но камандирите го вратиле во соба. После неколку часа починатиот е најден мртов.

Живко Пејковски, пак директорот на затворот тврди дека починатиот бил преглдан во амбуланта и пуштен во соба, објаснувајќи дека по вториот напад бил однесен во болница а починал на пат кон Клиника.

Телото на починатиот затвореник е предадено на обдукција.

Поради лошите услови во затворите и храната која им се дава, затворениците лани во септември штрајкуваа неколку дена со глад.

Тие се жалеа на преполните капацитети, лошата храна и условите за живот кои ги споредуваат со логори.

Тие велеа дека се соочуваат со притисоци од раководството за да го прекинат штрајкот.

Инаку, надлежните во затворот информираат дека капацитетот е за 800 затвореници, а моментално се сместени близу 2 000.

За лошите услови во затворите Македонија често е критукувана од меѓународната заедница.

Во последните извештаи на ОН и ОБСЕ се потенцира дека во македонските затвори не се запазени ниту основните хигиенски услови, медицинската заштита, а забележани се и случаи на тортура брз затворениците од персоналот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година