УСПЕХ НА МАЛАТА БАЛКАНСКА ДРЖАВА: Словенците тврдат дека нашле вакцина против коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 16 Септември, 2020
Словенците тврдат дека веќе имаат вакцина против коронавирусот кој „коси“ во светот и на Балканот.
Многу земји се во трка за што поскоро пронаоѓање на ефикасна вакцина која ќе спаси животи.
Словенечките научници, предводени од светски познатиот синтетички биолог д-р. Роман Јерала, ги вакцинираат глувците против корона, а во тек се клинички испитувања.
Вакцината која е развиена и тестирана врз глувци, генерираше висок имунолошки одговор.
Велат дека антителата го неутрализираа врзувањето на вирусот до степен кој е споредлив со другите вакцини и антитела кај пациенти кои ја преживеале заразата.
Потоа вакцината треба опширно да се тестира на луѓе. Но, Јерала не е сигурен дека тоа ќе се случи.
Лекарот вели дека оваа вакцина не е можеби најдобра, но е различна од другите.
Во последните 24 часа, по направени 3.123 тестови, во Словенија се потврдени нови 123 случаи на коронавирус, што е рекорден број од почетокот на епидемијата, објави денеска словенечката Влада.
Постојат и примери на луѓе кои во длабока старост се избориле со вирусот, и тоа дава надеж.
Во Бразил човек на 102 години го победи вирусот.
Глобално, бројката на заразени се ближи кон 30 милиони.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.