02 Јануари, 2025
0.0273

Успехот на компанијата е успех на целиот тим - „Макпетрол“ со бонуси за вработените

Објавено во: Мои пари 30 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Како еден од двигателите на домашната економија, „Макпетрол“ воспоставува и применува високи стандарди во секој аспект од своето работење, а во сето тоа вработените ја имаат најзначајната улога. Изминатата 2024 година беше успешна за компанијата, а тој успех е заслуга на целиот тим, без разлика на позицијата. Во насока на претходните практики, „Макпетрол“ и оваа година на вработените им исплати средства по неколку основи надвор од редовните примања.

- Како компанија составена од многу различни сегменти, некои поголеми, некои помали, за нас е пресудно секој од нив да функционира беспрекорно, со примена на исклучително високо ниво на професионалност. Без разлика на улогата и на позицијата во севкупната организација, со гордост можам да кажам дека нашите вработени своите задачи секојдневно ги завршуваат со извонредна посветеност. Потврда за тоа се позитивните финансиски резултати што ги остваривме во 2024 година, но уште поголем доказ е тоа што за десетици илјади потрошувачи во Македонија, нашите бензински станици и натаму остануваат избор број еден. За ваквиот успех не е заслужно само раководството, туку и секој поединец во компанијата - вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“.

Во текот на 2024 година „Макпетрол“ ја распредели годишната добивка за 2023, со што секој вработен доби паричен износ во просек од 88% од платата. Исто така, во оваа година компанијата исплати и регрес за годишен одмор во нето-износ од 42.000 денари, а беше исплатен и новогодишниот надомест во нето-износ од 30.000 денари.

Во духот на празниците, компанијата организира и голема новогодишна забаваза вработените на која што настапија големи музички ѕвезди. Испраќањето на оваа 2024 година „Макпетрол“ го одбележа и со спектакуларно шоу на мраз, на кое што присуствуваа и во кое што уживаа најмладите членови на семејствата на вработените во компанијата.

„Макпетрол“ речиси осум децении е лидер на пазарот со нафта и нафтени деривати во Македонија. Компанијата, притоа, е особено посветена и постојано инвестира во професионалниот развој и напредокот на своите вработени. Освен редовните исплати на средства надвор од редовните примања, за секој член на големиот тим се креираат можности за стекнување дополнителни знаења. Ова е една од стратешките вредности во која што компанијата и во иднина ќе вложува и ќе ја надградува.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија

Сашо Наумоски во „Бизнис-клуб“: Недостиг од работна сила, пад на ликвидноста и корупција – трите проблеми кои влијаат врз македонската економија

КОЧО АНЃУШЕВ ЗА ЕКОНОМИСТ-2025: РАБОТИМЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ СЕ БАРААТ ПО 5 ГОДИНИ

КОЧО АНЃУШЕВ ЗА ЕКОНОМИСТ-2025: РАБОТИМЕ НА ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА КОИ ЌЕ СЕ БАРААТ ПО 5 ГОДИНИ

Новата генерација на Hisense телевизори достапна и кај нас, добитна комбинација и за Hisense и за вас

Новата генерација на Hisense телевизори достапна и кај нас, добитна комбинација и за Hisense и за вас

Како да управувате со вашиот долг?

Како да управувате со вашиот долг?

Божиќни колачи со леснотија: кујни по мерка за слатки празници!

Божиќни колачи со леснотија: кујни по мерка за слатки празници!

ОГНИШТА ОД БРАКО ЗА ВЕЧЕРНИТЕ ЗАБАВИ НА ВИНТЕРФЕСТ ВО ВЕЛЕС

ОГНИШТА ОД БРАКО ЗА ВЕЧЕРНИТЕ ЗАБАВИ НА ВИНТЕРФЕСТ ВО ВЕЛЕС

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО

АНЃУШЕВ И ШАЛЕВ ПРЕДНОВОГОДИШНО СО РАБОТНИЦИТЕ НА БРАКО

Предновогодишна донација за Одделот за психофизиологија при Универзитетската клиника за детски болести

Предновогодишна донација за Одделот за психофизиологија при Универзитетската клиника за детски болести

Стопанска банка ќе финансира 11 нови проекти за подобрување на условите во општеството за лицата со попреченост

Стопанска банка ќе финансира 11 нови проекти за подобрување на условите во општеството за лицата со попреченост