УСПЕШНИ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ЗА ТЕТЕКС АД ТЕТОВО – од почетокот на годината остварена добивка над 300 илјади евра
Објавено во: Економија 24 Октомври, 2025 08:08
Некогашниот тетовски трговски гигант ТЕТЕКС АД Тетово продолжува да остварува позитивни финансиски резултати, покажуваат податоците од најновиот финансиски извештај за изминатите девет месеци.
Финансиските резултати на компанијата откриваат дека за првите девет месеци ТЕТЕКС АД Тетово успеал да прокнижи над 350 илјади евра добивка.
Успехот на компанијата се должи на продажба на готови производи, но и на приходи од кирии, услуги и продажба на залихи на готови производи.
- Остварената добивка за периодот изнесува 21.605 илјади денари, а истиот период минатата година истата инесуваше 11.455 илјади денари– се посочува во извештајот објавен на Македонска берза.
Во него компанијата укажува дека ТЕТЕКС АД за периодот јануари-септември 2025 година оствари позитивен финансиски резултат. Притоа приходите остварени од продажба на готови производи и услуги достигнале 45.168 илјади денари или над 734 илјади евра.
Се посочува дека приходите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на постоечки залихи на готови производи и материјали.
Бројките објавени во финансискиот план покажуваат дека компанијата успеала да ги зголеми своите приходи во споредба со истиот период минатата година за 103 проценти.
- За тековниот период во финансиските приходи од 31.496 илјади денари, се евидентирани приходите од учество во основната главнина на придружното друштво (ТТК Банка АД Скопје) и останати финансиски приходи во износ од 25.452 илјади денари, додека минатата година финансиските приходи изнесуваа 44.781 илјади денари – се појаснува во извештајот.
Притоа е посочено дека остварените расходи во периодот јануари – септември 2025 година изнесуваат 224.410 илјади денари. Податоците откриваат дека има раст кај расходите, а за споредба, истиот период во 2024 година тие изнесувале 74.500 илјади денари. Зголемените оперативни расходи во најголем дел произлегуваат од вредносно усогласување на тековни средства, се посочува во извештајот.
За плати и надоместоци на вработените Тетекс потрошил слична сума како и минатата година, или 386 илјади евра.
Компанијата веќе има поделено дивиденда, која е исплатена во законскиот рок, а не се направени инвестициони активности.
Сепак, ТЕТЕКС АД Тетово има обврски за кредити кои на 30.09.2025 година изнесуваат 46.500 илјади денари.
Напорите на менаџментот на ТЕТЕКС АД Тетово, во постоечките услови на работа, се насочени кон менаџирање на постоечките расположиви капацитети на недвижен и движен имот, како и залихите на материјали, производи и стоки, за да се оствари приход и позитивен резултат од работењето, согласно финансискиот план за 2025 година – се потенцира на крајот од извештајот.П.О.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




