19 Декември, 2025
0.0352

Успешно прегрупирање на Хипо Алпе Адриа, отсега ќе оперира под името HETA Asset Resolution

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2015 13:01

Добивај вести на Viber

Одлуката на Хипо Алпе Адриа групацијата за внатрешно прегрупирање која се донесе кон крајот на 2014та година, а се однесува на канцелариите на групацијата во Југоисточниот блок на Европа, во кои спаѓа и Хипо Алпе Адриа Лизинг Скопје, се реализира согласно утврдениот план и динамика. Според истата одлука, канцелариите ЈИЕ, официјално го променија својот оперативен бизнис модел преминувајќи од лизинг финансирање во ремаркетинг и продажба на финансираното портфолио од претходните оперативни години. Ова бизнис реструктуирање предизвика и ребрендирање и промена на името на компанијата во „HETA Asset Resolution AG“. Паралелно со промените во групацијата и Хипо Лизинг Македенија, од неодамна, официјално оперира под брендот „HETA Asset Resolution Leasing“ DOOEL Skopje. Според изјавата на финансискиот директор Миливој Смилевски, Одлуката за оваа промена означува важна фаза во процесот на реализација на барањата на австриската влада и намалување на потенцијалните ризици. Исто така Смилевски потенцираше дека портфолиото на Хета Ассет Резолушн Македонија е стабилно и оперативно и е главно сочинето од подвижни средства: опрема и возила. Јован Калајџиски   Директорот на „HETA Asset Resolution“ , Јован Калајџиски појаснува дека на почетокот на 2015та година, успешно е завршен процесот на ребрендирање на Хипо Алпе Адриа на групно ниво и според планот сега привршува и ребрендирањето на Македонската канцеларија. Од овој месец компанијата во земјата и официјално работи под името „HETA Asset Resolution Leasing“ DOOEL. ,,Главен фокус на компанијата од сега па натаму е продажба на нефункционалното портфолио, одржување на интегритетот во работењето на новиот бренд зад кој стои државата Австрија, постојана комуникација со клиентите и транспарентност кон пазарот,, - додава Калајџиски.  

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка