УСПЕШНО СЕ БОРАТ СО КОВИД 19: Немаат ниту еден смртен случај
Објавено во: Свет, Корона Вирус 09 Април, 2020 21:01
Архипелагот сместен помеѓу Шкотска, Норвешка и Исланд, моментално има само едно заразено лице од Ковид 19, кое е сместено во болница поради коронавирусот.
Оваа автономна данска покраина со 50-тина илјади жители нема ниту еден смртен случај од Ковид-19.
Фарските острови имаат регистрирано 184 случаи на коронавирус.
Премиерот Бардур Стиг Нилсен вчера најави дека на 20-ти април ќе бидат отворени градинките, а на училиште ќе одат и основците. Средношколците од последната година ќе се вратат во училниците, а ќе продолжат и спортските настани, секако без публика.
Овој успех сите го припишуваат на раните предвидувања на ветеринарот и научник Дебес Кристијансен, прв човек на Националната референтна лабораторија за болести на риби и животни.
Во јануари ги предупредил властите дека мора да се подготват за можно ширење на епидемијата од Кина.
Неговата лабораторија која првенствено се користи за тестирање на лосос од вирусни инфекции била прилагодена за тестирање на луѓе.
Набрзо започнало тестирањето и во лабораторијата на Кристијансен биле тестирани 10% од вкупно 50-те илјади на островот.
Фарските острови имаат тестирано најголем процент од својата популација од било која држава во светот.
Нов Зеланд исто така се смета дека е една од земјите која добро се справува со вирусот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро





