17 Јануари, 2025
0.5136

УСТАВНИОТ ЌЕ СЕ ИЗЈАСНИ ЗА СЈО: Гошева има став за законот!

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Елена Гошева, досегашната претседателка на Уставниот суд, тронот му го отстапи на нејзиниот колега Никола Ивановски. Гошева заминува од лидерското место на највисокиот суд во државата на денот кога се распушти Парламентот и во очекување спикерот Трајко Вељановски да ги распише предвремените избори на 11 декември. На нејзиниот наследник му остава голем товар, а тоа е оценување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

Гошева беше именувана за претседател на Уставниот суд на 1 ноември 2013 година, на местото на судијата Бранко Наумовски. Беше избрана на тајно гласање, на предлог на еден од колегите. Само неколку месеци откако стапи на функцијата таа го затвори судот за јавноста и им забрани на медиумите да ги снимаат седниците, право кое го имаа со години наназад.

Опозицијата ја обвинуваше дека во нејзината работа носи пристрасност кон владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а тос го поткрепуваше со нејзините приватни и фамилијарни релации во партијата.

Гошева не ја „реметеа“ критиките, туку таа продолжи да си работи според својата агенда. Од лани во ноември Уставниот суд во неизвесност ја држи цела држава, Пржинскиот договор и судбината на Специјалното јавно обвинителство. Следниот месец се навршува точно една година откако беше поднесена иницијатива за оценување на уставноста на СЈО, а таква одредба произлегува и од Пржинскиот договор, според кој лидерите на 4-те најголеми партии го повикаа Уставниот суд што поскоро да ја донесе одлуката за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство.

Гошева не го стори тоа, а сега одлука дали ќе се оценува или не уставноста на СЈО, ќе треба да донесе нејзиниот наследник Никола Ивановски.

Овој кон­кре­тен пред­мет е во Су­дот и се разг­ле­ду­ва и про­у­чу­ва од ти­мот што го ра­бо­ти, пред да се ста­ви на дне­вен ред на разг­ле­ду­ва­ње и од­лу­чу­ва­ње. Се­кој пос­ло­жен пред­мет, па и овој, од Су­дот има дла­бо­ко се­ри­о­зен при­стап на ра­бо­та и ана­ли­за, ка­ко што пра­вел Су­дот во по­ве­ќе­де­це­ни­ско­то ра­бо­те­ње. 

За да до­не­се ква­ли­тет­на и устав­но–суд­ски из­др­жа­на од­лу­ка, Су­дот мо­ра да при­ба­ви и истра­жи раз­ни фа­кти и устав­но–суд­ска пра­кти­ка. Се ра­бо­ти за За­кон кој тре­ба да се про­це­ни да­ли е во сог­лас­ност со Уста­вот. Не се про­це­ну­ва да­ли тој е во сог­лас­ност со ин­те­ре­си­те на тие што се за­ка­ну­ва­ат, се про­ти­ват и му ка­жу­ва­ат на Су­дот ка­ква од­лу­ка да до­не­се. Се про­це­ну­ва устав­но­ста, а не се про­це­ну­ва жел­бо­те­ка­та.

Во рам­ки на ова пра­ша­ње не­ма да вле­гу­вам во отво­ре­на ана­ли­за на устав­но­ста или не­у­став­но­ста на За­ко­нот, и по­крај тоа што имам свој ли­чен устав­но-пра­вен осврт по ова пра­ша­ње, кое го гле­дам од ас­пект на пре­тсе­да­тел­ка и су­диј­ка на Устав­ни­от суд, ка­ко и долг ра­бо­тен век во Об­ви­ни­телс­тво­то. По од­нос на тоа де­ка не­кои да­ва­ат сло­бод­ни тол­ку­ва­ња на Уста­вот, са­кам са­мо да ука­жам на тоа де­ка единс­твен ор­ган во др­жа­ва­та што има над­леж­ност да вр­ши ин­тер­пре­та­ци­ја на устав­ни­те нор­ми е Устав­ни­от суд, вели Гошева во интервјуто за Република.

Гошева заминува, доаѓа нејзин истомисленик

Гошева е првиот претседател на Уставен суд, чии канцеларии беа измачкани со јајца, а пред судот со денови имаше протести и контрапротести кога се одлучуваше за уставноста на измените од Законот за помилување. Сепак, мнозинството во судот, ги укина измените и на Претседателот Ѓорѓе Иванов му овозможи да помилува осудени за изборни нерегуларности и педофили. Тој тоа и го стори со аболицијата со која помилува 56 функционери и нивни соработници, а потоа самиот ја повлече.

Уставниот суд одигра политичка улога и кога прво се прогласи за ненадлежен за оценување на уставноста на распуштање на Парламентот со одложено дејство, а потоа  ја поништи одлуката донесена во февруари со образложение дека е  противуставна. Целата постапка беше завршена за само десетина дена откако пратеникот на ДУИ Талат Џафери поднесе иницијатива до Уставниот суд.

Претседателката Гошева објасни дека се прави преседан поради политичката криза во земјата која не може поинаку да се реши. Овој потег на Гошева, од СДСМ се оцени како доказ дека „одлуките на Уставниот суд ги пишува Никола Груевски, а хаосот во редовите на ВМРО ДПМНЕ се пренесува и на послушничките институции“.

Елена Гошева и натаму останува во Уставниот суд, а нејзината претседателска фотелја ја презеде Никола Ивановски, судијата кој секогаш досега имал исто мислење со претседателката на судот кога се носела одлука за уставноста на некој закон.

Ивановски е избран како уставен судија пред 4 години, во неговата биографија стои дека работел како адвокат, истражен и кривичен судија, а од 2008-ма година бил и член Советот на јавни обвинители. 

Ивановски беше критикуван во јавноста како судија известител на предлогот кој потоа беше и изгласан- на претседателот да му се овозможи да помилува лица осудени за изборен криминал. 

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година