18 Декември, 2025
0.0525

Уставниот суд на Франција го отфрли данокот од 75 проценти за лични примања

Објавено во: Свет 29 Декември, 2012 14:30

Добивај вести на Viber

Уставниот суд на Франција го прогласи за неуставен делот од законот со кој се воведуваше данок од 75 процнти од високите лични примања, кои надминуваа еден милион евра годишно.

Во соопштението од Уставниот суд се наведува дека таквиот данок  не ја „признава рамноправноста на јавните давачки“ односно сите Французи се еднакви пред даночните обврски.

Уставниот суд беше свикан да се изјасни по барање на парламентарците од опозициската УМП, при што беше изменет и начинот на пресметување на начинот на плаќање на данок врз богатството.

Данокот од 75 отсто од личните примања повисоки од еден милион евра, беше едно од ветувањата на Франсоа Оланд за време на претседателската кампања, што предизвика и медиумски интересе во светот откако неколку француски богаташи одлучија да ја напуштат Франција за да избегнат да го плаќаат новиот данок.

Француската Влада веднаш по соопштувањето на одлуката на Уставниот суд, најави дека ќе предложи нов закон со кој ќе се воведе данок од 75 проценти за личните примања од над еден милион евра.

- Ќе биде претставен нов текст во рамките на идниот закон за финансии, изјави премиерот Жан-Марк Ејро.

Тој истакна дека новиот текст ќе биде во согласност со принципите поставени од Уставниот суд. Советот забележа дека овај данок кој беше укинат, се однесуваше на физички лица, а не на домаќинствата кои се основата за пресметување на данокот.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“