Уставните судии бираат нов претседател
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2016
На закажаниот колегиум во 11 часот Уставните судии почнаа да го избираат новиот претседател.
Мандатот на актуелната претседателка Елена Гошева истекува за две недели па за да не се блокира работата на судот изборот на претседател бил закажан за денеска.
Дел од медиумите пренесоа дека Никола Ивановски засега ја има поддршката за нов претседател на Уставниот суд и е најсериозен кандидат да седне во претседателската фотелја.
Мандатот на судиите трае девет години без право на повторен избор.
Можеби токму новиот претседател нема да го игнорира СЈО и ќе ја разгледа иницијативата за уставноста на оваа институција
Веќе една година во фиоките на Уставниот суд седи иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Законот за Специјално јавно обвинителство, а новиот претседател ќе го наследи жешкиот костен од претходничката.