19 Декември, 2025
0.0859

УСТАВЕН ТРЕБА ДА ПРЕСЕЧЕ: Дали протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија е уставен?

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2025 13:52

Добивај вести на Viber

Поранешната пратеничка и поранешна претседателка на ДОМ, Лилјана Поповска поднела Иницијатива до Уставен суд за оцена на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија од 17 јули 2022 година во Софија.

Поповска, во текст за Плусинфо ги појаснува причините за поднесувањето на Иницијативата до Уставниот суд.

Таа потсетува дека Протоколот е правен акт потпишан од министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, врз основа на членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

-Предлагам донесување одлука за негова ништовност, поради прекршување на 14 членови од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори, 2 члена од Законот за надворешни работи и 3 члена од Уставот. Меѓу прекршените членови од Уставот е и членот 8 за темелните вредности на уставниот поредок, во делот за основните слободи и права на човекот и граѓанинот, слободното изразување на националната припадност и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право, наведува Поповска.

Таа нагласува дека Протоколот ја нема поминато легалната процедура за негово договарање, усвојување од страна на Владата, потпишување, собраниска ратификација и објава во Службен весник.

-Протоколот не е полноправен акт потврден од Парламентот, туку е само записник  од состанок на меѓувладина комисија. Како правно ништовен документ, Протоколот не смее да наметнува штетни дејствија диктирани од соседна земја, ниту на Македонија да и задава крајно непринципиелни и понижувачки обврски, кои задираат длабоко во темелите и содржината на македонската држава, нација, историја, идентитет, вели Поповска.

Таа нагласува оти цени дека Протоколот не е правно валиден документ поради најмалку седум правни прекршувања.

Како прво, посочува дека не е почитувана процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување, второ не е ратификуван во македонското Собрание, трето, не е објавен во „Службен весник“, четврто, несоодветна е формата и содржината, петто, излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден (1) член од Договор помеѓу две земји, шесто, произведува масивни штетни дејствија врз идентитетски прашања за македонскиот народ, јазик и држава и како седма причина наведува дека претставува непремостлива пречка за нормално функционирање и стратешко меѓународно позиционирање на македонската држава, со тоа што е имплицитно вграден во преговарачката рамка за евроинтеграција и експлицитно во два други документа од евроинтеграцискиот пакет.

-Важно е да се утврди официјално ништавноста на документот, а потоа да се отвори транспарентен и правно издржан процес за нов, правно валиден протокол за спроведување на Договорот за пријателство, кој ќе води сметка за достоинството и интересите на двете страни. Само таков може да се ратификува во Собранието и да произведе правни дејствија во насока на пријателство и добрососедство. Дотогаш, останува меѓународно важечки постоечкиот Договор за пријателство и добрососедство, кој без овој Протокол не може да ги произведе овие штетни дејствија, истакнува Поповска.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот