Усвоени плановите за „ударна тупаница“ на НАТО
Објавено во: Свет 05 Септември, 2014 15:35
Лидерите на земјите членки на НАТО ги усвоиле плановите за формирање на нова единица за брзо реагирање, која ќе биде „ударна тупаница“ на Алијансата.
Ова го соопшти генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен на вториот ден од самитот во Велс.
Тој на конференцијата за медиуми во Њупорт кај Кардидф објавил дека оваа единица ќе има неколку илјади припадници од разни видови војска и ќе биде „ударна тупаница“ на НАТО, подготвена во краток рок да биде пратена на било која точка од глобусот.
Расмусен укажа дека главниот безбедносен предизвик за НАТО на источното крило, бидејќи Русија со својот напад на Украина ја променила безбедносната состојба во Европа.
„НАТО ќе одржува константно присуство на истокот, каде нашите сили често ќе ротираат, а ќе бидат изградени и нови постројувања за прифаќање на новата единица, доколку биде потребно таа таму да се упати“, изјавил генералниот секретар.
Засега се знае дека главната команда на силите за брзо реагирање ќе биде во полскиот град Шчечин, но допрва треба да се одлучи каде таа ќе биде физички сместена, објасни Расмусен.
Британскиот премиер Дејвид Камерон рекол денеска дека Британија е подготвена да упати 3500 војници во единиците за брзо реагирање, но подоцна се поправил и соопштил дека сакал да каже дека толку британски трупи ќе бидат ангажирани на воените вежби во источна Европа кои наскоро треба да се одржат.
Расмусен предупреил и на опасноста од џихадистите од ИС во Ирак и Сирија, во чие сузбивање НАТО како сојуз не е вклучен, но Расмусен не ја исклучи можноста да поедини членки се вклучат во воздушните удари против ИС во Ирак под водство на САД.
Алијансата, освен тоа, е подготвена да му помогне на Ирак да ги зголеми одбранмените капацитети доколку ирачката влада тоа го побара, рече тој.
Можеби ќе ве интересира
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




