29 Јуни, 2024
0.0270

Усвоени законските измени – административците на построга оценка за сработеното

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Новите законски правила за работа во админисррацијата поминаа во Собранието. Од владеачкото мнозинство сметаат дека измените во законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници ќе придонесат за суштинска реформа на јавната администрација, за нејзина професионализација и ефикасност. Наспроти ова, опозицијата оцени дека законите се носат нетранспарентно, во предвечерие на можни предвремени парламентарни избори, дека ќе го ограничат пристапот на граѓаните до работните места во јавната администрација поради бројните сертификати кои ќе им се бараат на јавните огласи и дека не нудат стратегија за реформа на јавната администрација. Според заменик министерот за информатичко општетство и администрација Марта Арсовска Томовска, со двaта закона ќе се изврши унификација на основните постулати на статусот на сите вработени во јавниот сектор преку модерни методи кои се користат во современите јавни администрации и модерен начин на управување со човечките ресурси. „Само со поквалитетна и попрофесионална јавна администрација ќе успееме да ја придвижиме уште повеќе македонската економија да стане поконкурентна и да овозможиме поефикасни и поквалитетни јавни услуги за граѓаните“, рече Арсовска Томовска. Ана Павловска Данева од СДСМ побара да не се поддржува овој закон, бидејќи никаде не се обелоденува бројот на јавната администрација.Таа, меѓу другото, ја оспори и одредбата со која за сите административци и на оние со средно образование, им се наметнува обврска за полагање на ТОЕФЛ тест за познавање англиски јазик, а кое треба сами да го платат. Ваквата обврска, вели, чини повеќе од 800 денари со колку што се калкулира во Министерството за информатичко општество. Павловска Данева праша и како ќе се оценуваат оние административци кои седат дома, а примаат плата. „Законот има 116 члена, а има поднесено 105 амандмани од кои голем дел од владеачкото мнозинство што говори дека набрзина бил донесен, и дека дел од амандманите биле поднесени заради негово усогласување со Уставот“, рече Павловска Данева. Беким Ќоку од ДПА рече дека нема да го подджат законот на кој поднеле 40 амандмани, бидејќи не е во интерес на Албанците и не овозможува комуникација со странките на албански јазик

Можеби ќе ве интересира

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

Водовод Куманово: Мораме да купуваме струја со висока маржа затоа што нема понуди на тендерите

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

ПРОЕКТОТ МОЈ ДДВ ОСТАНУВА: Граѓаните ќе го земаат истиот износ и во иднина

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

Пеева Лауренчиќ: Спотовите на Киро Глигоров ги снимавме на филмска лента, први ПР клиенти беа „Мобимак“ и „Пивара Скопје“

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед

ДВЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ПАДНАА НА ЕКОНОМСКИТЕ ТЕСТОВИ НА ЕУ: Тие се уште не се подготвени за влез во еврозоната, едната од нив е наш сосед