УСВОЕНО: Без тест одиме во Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и БиХ
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2020
Од следниот понеделник овозможен е непречен влез на странските државјани од Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, без приложување медицинска потврда со негативен ПЦР тест( RT PCR SARS CoV-2 тест). Владата пред малку ја усвои оваа одлука која следува по координација со министерствата за здравство од регионот.
Веста ја објави на фејсбук премиерот Зоран Заев. Во овие земји, за кои нивните граѓани досега имаа обврска при влез/транзит во нашата земја да приложат негативен RT PCR SARS CoV-2 тест, по принципот на реципроцитет е договорено и нашите граѓани да патуваат во овие земји, без обврска да приложат негативен тест.
„Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од КОВИД-19, напиша Заев.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.