05 Декември, 2025
0.0332

Утре е “баксуз“ ден, нема штрајк на лекарите; Веќе во четврток тргнуваат во поход!

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2012 19:52

Добивај вести на Viber

Лекарите на штрајк, пациентите во паника. Веќе дванаесеттти ден здравстените институции работат со намален капацитет. Се преземаат само итните случаи, другите интервенции се одложуваат за после штрајкот. Синдикатот на клинички Центар и специјалистите од македонските здравствени установи, не се откажуваат од своите барања, корекција на платите и донесување на адекватен модел за плаќање по успешност. „Продолжуваме со штрајкот, но и денеска сме изгледа невидливи. Утре нема да излегуваме бидејќи е празник и бидејќи е тринаесетти ден, па ќе го прескокнеме. Штрајкот тече по предвидениот тек, но се игнорира и понатаму“,  изјави Дејан Ставриќ, преседател на Самстојниот синдикат на Клинички Центар. За да биде иронијата поголема, ресорниот министер Никола Тодоров, официјално не признава дека се соошува со штрајк во здравството. Сепак, реши да преговара. Но не со оние кои штрајкуваат,  туку со другиот гранков синдикат за здравство „Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита“. Тие со Министерот седнале на преговарачката маса каде било ставено плаќањето по учинок и корекцијата на коефициентите за лекарите, но како што посочуваат од гранковиот синдикат, побарале корекција и на коефициентите за сите вработени во здравството. Во меѓувреме, поранешниот заменик-министер за здравство Владимир Лазаревик прашува кој профитира од штрајкот на лекарите. Според него, со намалувањето на услугите за пациентите се намалуваат и трошоците во државните здравствени установи, кои се презадолжени. Иако вака се намалуваат трошоците во државното здравство, расте трошокот за пациентите кои чаре бараат во приватните болници.
Затоа објаснува експертот за јавно здравство, Лазаревик , секој осигуреник кој морал да се лекува во приватна болница, откако бил спречен да добие грижа во државна болница, има право да побара рефундирање на парите од Фондот за здравство.
Од Синдикатот на Клинички изјавија дека во четврток и петок ќе ги посетат канцелариите на претседателот, премиерот и собранискиот спикер и ќе им ги соопштат своите барања во услови кога не ги прима министерот Тодоров. „Ќе им бидат врачени барања за прием и соодветни подароци“, истакна Ставриќ.
Министерот за здравство во меѓувреме замина во Италија. Бил на официјално службено патување. Ј.Ј.  
 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала