Високи претставници од Воениот комитет на НАТО во посета на АРМ
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2018 14:17
Воениот комитет е највисоко воено консултативно тело на НАТО чии претставници утре и задутре ќе бидат во официјална посета на АРМ.
На чело со заменик претседавачот на Воениот комитет на НАТО генерал-потполковник Стивен Шепро високи воени претставници доаѓааѕ по покана на министерката за одбрана а ќе бидат запознати со постигнувањата, подготвеноста и идните планови на Република Македонија – АРМ за полноправно членство во Алијансата.
Полковник Зоран Илов, координатор на активност на денешната средба со новинарите информираше дека се работи за исклучиво воен настан од затворен тип. Не е предвиден прием и учество на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов. Од АРМ потенцираат дека во текот на денешниот ден ќе се знае дали ќе присуствуваат и борбените аташеа на земјите членки на НАТО во Република Македонија.
Во касарната „Илинден“ во Скопје планирана е и вежба за демонстрација на оперативните способности опремата и техниката на дел од декларираните единици од Здружената оперативна команда.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




