Утре ќе биде објавен оглас со кој ќе се бара замена за Димитровска во ДКСК
Објавено во: Македонија 03 Август, 2025 15:43
Собранието утре ќе го објави огласот за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупција, откако обвинетата Татјана Димитровска си поднесе оставка.
Според она што го објави Телма, Собранието ќе провери дали постои законска можност да се назначи нов лидер на Антикорупциска во период кога се распишуваат локалните избори.
Во четвртокот Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата (31 јули) донесе одлука за распишување јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска.
Претседателката на Антикорупциската комисија, Димитровска поднесе оставка на 25 јули, а на 29 јули македонското Собрание ја констатираше.
Оставката следеше по покренувањето на обвинение за две кривични дела: оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во случајот „Адитив“, и за компјутерски фалсификат, бидејќи ревизор од ДЗР во нејзино име го положил тестот за сертификат за државна тајна.
Во оставката, Димитровска се повика на член 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупцијата, без дополнително образложение.
Престанокот на функцијата претседател или член на ДКСК е пропишан во Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, според кој, функцијата престанува пред истек на мандатот во случај – да поднесе оставка, трајно ја изгуби способноста за вршење на функцијата, што го утврдува Собранието, е осуден со правосилна судска пресуда за кривично дело на безусловна казна затвор од најмалку шест месеци или настапи негова смрт.
Престанокот на функцијата член или претседател на ДКСК го констатира Собранието.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




