19 Декември, 2025
0.0559

УТРЕ ПОЧНУВА НАЈГОЛЕМАТА СТАТИСТИЧКА ОПЕРАЦИЈА - две третини од попишувачите се вакцинирани, властите апелираат - пуштете ги

Објавено во: Македонија 04 Септември, 2021 20:13

Добивај вести на Viber

По 20 години без да знаеме колку сме и какви сме, утре конечно започнува пописот. Ова следува откако во земјава веќе имаше еден пропаднат попис. 

Апостол Симовски, директор на ДЗС, вели дека за пописот се е подготвено. Ќе се почитуваат сите безбедносни протоколи. 

Симевски денеска во разговор за медиумите апелираше до граѓаните да ги примат попишувачите. Според него, две третини од пријавените попишувачи се вакцинирани.

„Таму каде што граѓаните ќе инсистираат да бидат попишани од страна на вакциниран попишувач тоа ќе се случи. Техниката и начинот зависи од тоа каде и кога се побарало и ние ќе го обезбедиме тоа. Се разбира, нема да биде истиот момент, но ќе се договориме со тоа домаќинско кога и во кое време им одговара да дојде лицето кое е вакцинирано да ги попише“, вели Симовски.

Но што со оние граѓани кои се заболени или пак се во изолација. Симовски вели, сите информации ќе ги добиваат од Министерството за здравство.

„Министерството за здравство ќе ни доставува списоци на дневна основа каде има заболени лица и каде има лица во изолација. Нашата намера е да почекаме ако за тоа има можност да излезат овие лица од изолација и тогаш да го спроведеме попишувањето и тоа да биде најбезбедно и за самиот попишувач. Меѓутоа ако не постојат услови за вакво нешто тогаш имаме посебни протоколи како да се постапува во попишувањето“, рече Симовски.

Заменик директорот на ДЗС Илми Селами апелираше и до граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки.
На пописот, за прв пат, освенн прибирање на податоци директно од граѓаните, ќе се користат и податоци од таканаречената претпописна база каде со внесување на матичниот број на граѓанинот автоматски се добиваат податоци на граѓаните. 

Пописната операција треба да трае 25 дена, или до 30 август. 

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните