УТРЕ ПОПЛАДНЕ НОВО НЕВРЕМЕ, А ЗА ВИКЕНДОТ И ПОНИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Метеорологот Попоски со нова прогноза
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2023 21:37
Утре попладне
особено во западните предели од Македонија, а во среда и на многу места ќе биде
нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавува метеорлогот
Славчо Попоски.
Велли дека поради зголемената енергија во Атмосферата, повторно локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог за релативно кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и со услои за појава на град. Локално градот би можел да биде покрупен. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.
-Во Скопје и околината исто така особено во среда попладне ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Максимумот на температурата во Скопје деновиве ќе се искачи до околу 33 степени. За време на викендот, и тоа под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови пад на температурите на воздухот. Поради очекуваниот нов бран на врнежи, грмежи и локално невреме, утре попладне, а особено во среда апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи, посочува Попоски.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




