19 Декември, 2025
0.1182

Утре се одржува Прва Конференција за инвестиции во недвижности

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2016 14:23

Добивај вести на Viber

Утре со почеток во 10 часот во хотел Буши во Скопје ќе се одржи Конференција за инвестиции во недвижности во Македонија.

На конференцијата која ја организира првата онлајн аукциска куќа за недвижен имот Е-аукција.мк заедно со консултантскатa компанија Knowledge Center ќе зборуваат Анита Ангеловска – Бежоска, вице гувернер на НБРМСлавчеТрпескидиректор на Агенцијата за Катастар на недвижнини,Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво при Стопанската Комора на Република Македонија и Бранко Ѓуровиќ, проект менаџер на Е-аукција.мк.

На првата Конференција за инвестици и во недвижности во Македонија ќе се презентираат актуелните трендови на пазарот со недвижности во Македонија, ќе се потенцираат можностите кои постојат во овој сектор, а настанот е можност да се поврзат сите субјекти кои работат во овој сегмент.

Е-аукција.мк е прва онлајн аукциска куќа за недвижен имот во регионот. Истата е производ на проектот Аукциски Тигар, поддржан од компанијата Knowledge Centar и Фодотот за Иновации на РМ. Целта на Аукциски Тигар е да го раздвижи пазарот на недвижнини во земјата, да понуди решение за побрзи трансакции и зголемување на ликвидноста на компаниите и институциите кои имаат имот по основ на побарувања, да го отвори пазарот за странски инвеститори и фондови кај кои електронското наддавање е воспоставена пракса.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии