Утре затворање на тунелот Демир Капија - еве зошто...
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2016
Утре од 21 до 22 часот ќе има привремено затворање на тунелот Демир Капија на државниот пат А1, делница Демир Капија – Гевгелија за сите категории на возила.
Затварањето е поради извршување на активности за изградба на јавен пат за време на инспекција за безбедност на патишта – инспекција на тунел Демир Капија.
Ова го соопштија од Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, се наведува во извештајот на АМСМ.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.