19 Декември, 2025
0.0392

Утрото ми почнува со поглед кон вулканот кој лани неколкупати еруптираше и е одалечен од мојот дом само 20 километри: Љупка Тепева за животот во Исланд

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2025 10:35

Добивај вести на Viber

Родена сум во Велес – еден мал град во срцето на Македонија. Пред 14 години го спакував животот во куфер и тргнав кон нова иднина – далечната Шведска. Оставив сѐ познато зад себе со надеж за подобра иднина, со неизвесност и трепет, но и со срце полно со сон. Вака Љупка Тепева ја почнува својата животна приказна, која ја испишувала со чекори полни со емоции, почетоци и завршетоци. Но, секој ден ја потсетува дека иако патот не е секогаш лесен, вреди да се изоди.

- Во Шведска поминав десет години – доволно долго за да го изградам својот нов живот, да се соочам со културолошки разлики, студени зими, нов јазик, но и да го најдам својот мир. Таму го запознав и мојот сопруг – Исланѓанец со топло срце и љубов кон природата, исто како мене. Нашата љубов не познаваше граници, па тој се пресели кај мене во Шведска. Со доаѓањето на нашиот син, сфативме дека е време за нова етапа – заеднички живот во неговата родна земја – Исланд.– открива Тепева.

Исланд ја опишува како е земја каква што не постои на друго место. Сурова, но прекрасна. Мирна, но полна со енергија.

- Тука се среќаваат мраз и оган, водопади и гејзери, бескрајни полиња од лава и најневеројатни глетки кои ти го запираат здивот. Ние живееме на само 20 километри од вулканите што минатата година неколкупати еруптираа – вистинско потсетување колку е силна и жива природата овде. Утрото знае да започне тивко, со шолја кафе во рака, седната во дворот, со поглед насочен кон вулканот. Тоа чувство е невозможно да се опише – истовремено мир и восхит, стравопочит и благодарност што сум токму тука.- вели таа и дополнувадека животот како дојденец во Исланд носи свои предизвици.

- Јазичната бариера знае да биде огромна, особено кога станува збор за администрација или здравство. Климатските услови не се лесни – долги зими, честа темнина, студ и ветер кој продира до коска. Културните разлики понекогаш знаат да создадат чувство на изолираност. Потребна е истрајност, адаптација и отвореност за да се вклопиш во ова општество. Работа, генерално, лесно се наоѓа – Исланѓаните се отворени за трудољубиви луѓе и системот е добро организиран. Но, кога станува збор за сместување, особено ако изнајмуваш, работите стануваат комплицирани. Понудата на станови е мала, цените се високи, а конкуренцијата е огромна. Понекогаш треба многу трпение и среќа за да најдеш нешто пристојно и стабилно. Тоа е еден од најчестите предизвици со кои се соочуваат доселениците овде. – посочува Тепева.

Целиот текст на Женски магазин

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот