УТВРДЕНО КОЈ ГО УБИЛ ОРХАН БАЈРАМИ - ОКИ: Грција ќе бара екстрадиција на сторителот кој веќе е во притвор во Македонија
Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2024 09:56
Како што јавуваат медиумите од соседството, грчката полиција открила кој стои зад мафијашката егзекуција на Орхан Бајрами – Оки од Македонија, кој беше убиен на 15 јули 2023 година, додека бил на одмор на Халкидики.
Медиумите пишуваат дека според извори од грчката полиција утврдено е кој го сторил убиството на 15 јули минатата година во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишниот Оки, а притоа повреден беше 45-годишниот Сеад Сезловик, двајцата државјани на Македонија.
Според написите сторителот е идентификуван, станува збор за Г.Т., роден 1991 година, државјанин на Македонија, кој веќе е во притвор кај нас. Грчките медиуми информираат дека се трага по двајца негови соучесници, исто така државјани на Македонија. Грција ќе бара негова екстрадиција во Грција.
Паралелно, во непосредна близина на убиството бил пронајден пиштолот, како и ракавиците на сторителот.
Од грчката полиција соопштија дека по методична и детална истрага од страна на полициските службеници од Одделот за безбедност во Полигиро, со асистенција на Одделот за кривични дела против животот и личната слобода на Управата за безбедност во Солун, „идентификуван е странски државјанин, кој лани во јули заедно со неговиот соучесник, пукал и смртно ранил странски државјанин, нивен сонародник и повредија уште еден нивни сонародник, кои беа на одмор на Халкидики“.

Истрагата, веднаш по убиството била проширена на поширокото подрачје, што резултирало со откривање на рутата на сторителите при нивното бегство, а на оддалеченост од неколку стотини метри од вилата, во непроодна област, бил пронајден пиштолот со придушувач и шаржер, волнена капа и ракавици со траги од барут.
Од лабораториски испитувања и анализи на наодите, утврдено било дека пиштолот бил користен во конкретното кривично дело.
- Според собраните информации, се чини дека мотивот на кривичното дело е поврзан со ривалство помеѓу две криминални групи кои главно се занимаваат со трговија со дрога и се со седиште во земјата од каде што потекнуваат. Горенаведениот странски државјанин е уапсен и е задржан во притвор во својата земја, како осомничен за негово учество во убиството на две лица, што се случи лани во март во нивната земја. Против него е распишана европска потерница и се преземаат потребните дејствија за негова екстрадиција во нашата земја - соопштија од грчката полиција.
Додаваат дека истрагата продолжува за идентификување останатите соучесници или други инволвирани лица.

Од грчката полиција потсетуваат дека во раните утрински часови на 15 јули 2023 година, на Халкидики, две лица, со скриени лица, се приближиле до вилата и со употреба на огнено оружје пукале во внатрешноста, што резултираше со смртоносна повреда на еден 39-годишен и повреда на 45-годишник, кои во вилата престојуваа со уште тројца нивни сонародници.
Веднаш по убиството, во околината биле пронајдени 19 чаури.
Тогаш, убиен беше Орхан Бајрами – Оки, кој се сметаше за еден од главните водичи на криминалната група „Дуќанџик“, додека пак во март минатата година во скопската чаршија беа убиени две лица, веројатно членови на истата група.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




