УЖИВАЈТЕ ВО ДЕНЕШНОТО ОСВЕЖУВАЊЕ: Од утре се враќаат горештините
Објавено во: Македонија 04 Август, 2024 15:00
По краткотрајната и локална дестабилизација на атмосферата која ја имаме овој викенд, во текот на новата седмица продолжува големата суша и топлина во Македонија. Времето ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и многу топло со појава на мала до умерена локална облачност. Сепак и покрај ова, во попладневните часови не се исклучува можноста за многу ретка појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во планинските предели.
Повремено ќе засилува и ветер од променлив правец, па токму поради сушното и многу топло време, но и поради ветерот кој се очекува, постои зголемен ризик од појава на нови шумски пожари. Во ваква ситуација, апелираме граѓаните да бидат многу внимателни како се однесуваат со природата.
Што се однесува пак до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до близу 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент 8, објави метеорологот Славчо Попоски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




