УЖИВАЈТЕ ВО ВИКЕНДОТ - променливо облачно со сончеви периоди, промена од понеделник, доаѓаат нови врнежи и пад на температурите
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2025 06:26
Променливо облачно со сончеви периоди најавуваат синоптичарите за денеска. Температурите ќе се движат од минимални два степени под нулата на повисоките места, па се до максимални 14 степени на југот на земајта.
- Наутро со услови за магла и ниска облачност. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди, а наместа и претежно попладне со услови за појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, претежно облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер - соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
променливо облачно ќе биде и во недела, а температурите и понатаму ќе бидат во сличен интервал. Заладување според прогнозата на УХМР следува веќе од пондеделник.
Со почетокот на новата работна недела, синоптичарите најавуваат нови врнежи од дожд, а понекаде и снег, а максималните температури ќе достигнуваат до 8 степени во понеделник и до 6 степени во вторник.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




