ВАКА ИЗГЛЕДА НОВИОТ КОВИД ЦЕНТАР: Детската „Козле“ целосно комплетирана, медицинските тимови распоредени во смени
Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2020 14:53
Целосно заврши
комплетирањето на новиот скопски Ковид-центар, односно Институтот за белодробни
заболувања кај децата „Козле“, со што од денеска таму освен децата позитивни и
суспектни на вирусот, ќе се примаат и возрасни пациенти со полесна клиничка
слика.

-Целосно е опремена болницата со се што е потребо за непречено функционирање на еден ваков центар кој е неопходен за хоспитализација на болните од корона вирусот, се во помалку сериозна здравствена состојба. Направен е план и за медицинските тимови. Во првата смена ќе има лекар интернист, лекар инфектолог и педијатар, а втората смена е составена од интернизт и педијатар, изјави д-р. Ангелчо Андоновски, директор на Институтот „Козле“.

Во однос на децата кои утринава беа примени и се позитивни на вирусот вели дека се во добра општа состојба.
-Двете деца немаат симптоми, ќе ги направиме сите потребни испитувања и доколку дозволува состојбата ќе бидат пуштени на домашно лекување, но задолжително ќе останат во 14-дневна изолација, вели директорот Андоновски.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




