Вакцина за коронавирусот нема да има до 2022?
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Јули, 2020
Францускиот епидемолог Арно Фонтане очекува делотворна вакцина против Ковид-19 најрано во 2022 година.
Советникот на француската Влада ги повика граѓаните да одржуваат растојание и да ја сфатат пандемијата многу сериозно.
Фонтане изјави дека граѓаните ќе треба да живеат со коронавирусот долго време и затоа е потребно да се придржуваат кон мерките.
„Ајде да се придржуваме до правилото за држење дистанца ова лето“, вели тој.
Во светот има над 13 милиони заразени од коронавирусот.
САД, Бразил и Индија имаат најмногу заразени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.