08 Декември, 2025
0.4392

ВАКЦИНИРАНИТЕ И ПРЕЛЕЖАНИТЕ НЕ ДОБИВААТ РЕШЕНИЈА ЗА ИЗОЛАЦИЈА АКО БИЛЕ ВО КОНТАКТ И МОРА ДА ОДАТ НА РАБОТА - од ЦЈЗ велат: Такви се новите протоколи

Објавено во: Македонија 18 Август, 2021 07:31

Добивај вести на Viber

За граѓаните кои се вакцинирани со две дози од било која од достапните вакцини во земјава, доколку биле во близок контакт со заболено лице од ковид, или доколку во својот дом имаат заболен член од семејството, не следува решение за самоизолација.

Односно, тие мораат да продолжат да одат на работа со физичко присуство, и покрај тоа што биле во контакт или имаат во семејството заболено лице. А, како што е познато, иако вакцинираните многу помалку имаат шанси да се заразат и да го пренесуваат коронавирусот, сепак, вакцината кај нив може и да „пробие“, односно тие сепак да покажат позитивен корона тест, а со тоа да заразат и други граѓани.

Од Центарот за јавно здравје на земјава се децидни дека според новите протоколи, вакцинираните лица со две дози, кај кои поминале две недели од втората доза, не добиваат решенија за самоизолација. Истото важи и за граѓаните кои веќе ја прележале болеста.

Во нашата редакција се јави граѓанин кој вели дека е вакциниран од пред неколку месеци, а не добил решение за самоизолација, и покрај тоа што живее со неговата ќерка која во моментов е позитивна на коронавирусот.

Тој е загрижен бидејќи од светот пристигнуваат информации дека дури и вакцинираните граѓани можат да го пренесат ковид 19.

„Мојата ќерка се врати од патување и имаше извесни симптоми, по што направи тестирање и излезе дека е позитивна. Јас побарав решение за самоизолација, но не добив, со образложение дека вакцинирани граѓани не добиваат такво решение, и можат нормално да продолжат да си одат на работа. Мене сепак ми е страв да не ги заразам моите колеги, па од тие причини зедов денови од мојот годишен одмор, за сепак да не одам на работа и да не предизвикам некоја штета за колегите“, вели овој наш сограѓанин.

Овие размислувања произлегуваат од фактот што неодамна се појавија британски и американски студии, кои покажаа дека и вакцинираните, сепак, можат да го пренесуваат вирусот.

Како што веќе објави Фактор, Центарот за контрола и превенција на болести на САД, ЦДЦ, во свој документ кој протече во медиумите, објави дека „варијантата делта се шири многу побрзо, поверојатно е дека ќе ги инфицира вакцинираните и потенцијално може да предизвика потешка болест кај невакцинираните во споредба со сите други познати варијанти“.

Документот предупредува дека варијантата делта е заразна како и сипаниците. Повикувајќи се на податоци од округот во Масачусец, документот на ЦДЦ сугерираше дека инфекциите кај вакцинираните луѓе можат да предизвикаат вирусни оптоварувања слични на оние кои се невакцинирани и заразени со варијантата.

Сепак, научниците признаваат дека веројатноста вакцинираните луѓе да го шират вирусот, доколку се заразени, е многу поретка во споредба со невакцинираните луѓе.

Слични информации објави и британскиот здравствен регулатор.

„Постојат рани знаци дека вакцинираните луѓе би можеле да го пренесуваат сојот делта на коронавирусот исто толку лесно како и невакцинираните луѓе“, објави неодамна Државната агенција за јавно здравје на Англија (ПХЕ). Според оваа агенција, се покажа дека вакцините обезбедуваат добра заштита од посериозна клиничка слика и смрт по инфекција со делта, особено две дози, но има помалку податоци за тоа дали вакцинираните лица можат да продолжат да го шират вирусот на другите.

Сепак, и покрај овие студии, светските и европски прифатени протоколи во овој момент се дека вакцинираните и прележаните не треба да одат во изолација по контакт со заразено лице.

Од Државниот санитарно-здравствен инспекторат, кои ги делат решенијата за самоизолација, велат дека тие добиваат готови списоци од Институтот и од Центарот за јавно здравје, и врз основа на нив ги изработуваат решенијата за самоизолација, што значи дека ДСЗИ за нив не одлучуваат. 

„Откако ќе се направат тестирањата во лабораториите, информациите за позитивните случаи тие ги испраќаат до Институтот за јавно здравје, а оттаму списокот со позитивни лица тие го испраќаат до ДСЗИ, по што ние ги изработуцваме решенијата за самоизолација за овие граѓани. ИЈЗ ги испраќа тие списоци и до Центарот за јавно здравје, од каде нивните епидемиолози контактираат со лицата со кои позитивните имале контакт, и врз основа на прифатени критериуми, одредуваат кој оди во самоизолација. Потоа нас ни ги испраќаат списоците и ние ги иразботуваме решенијата за самоизолација и ги испраќаме на граѓаните“, вели за Фактор Ирина Сотирова Бухова, директорка на ДСЗИ.

Од Центарот за јавно здравје се децидни дека според протоколите, вакцинираните кај кои поминале две недели од втората доза, не добиваат решенија за самоизолација.

„Не можат да добијат решение бидејки по новиот протокол вакцинираните со две дози и да има поминато две недели од втората доза, не подлежат за изолација“, вели Бесим Зекири, директор на ЦЈЗ.

Оттаму не негираат дека е точно оти има случаи да се позитивни граѓани и со две дози од вакцината, но нагласуваат дека тие се со лесна клиничка слика.

„Знаеме дека вакцината не не штити 100 отсто“, потенцираат од ЦЈЗ, но сепак се апелира граѓаните што повеќе да се вакцинираат, бидејќи вакцината штити од тешка форма на болеста.

Оттаму објаснуваат и дека и прележаните граѓани кои биле во контакт исто така не добиват решение за изолација по новиот протокол.

Па така, критериумите за тоа колкаво астојание и должина на контакт имале со заболените имале, важи само за невакцинираните граѓани.

Од ЦЈЗ објаснуваат и дека сите позитивни граѓани со симптоми добиваат решенија за изолација од 20 дена, додека, пак, позитивните без симптоми треба да бидат изолирани во траење од 10 дена.

Додека, пак, невакцинираните граѓани кои биле во контакт со заразено лице, добиваат решенија за изолација во траење од 14 дена.

Коронавирусот силно се шири во земјава. Во последното деноноќие беше регистриран најголем број на заразени досега во овој четврти бран, односно дури 999 случаеви, а беше голем и бројот на починатите, дури 14 лица.

Информациирте за тоа каде граѓаните можат да се вакцинираат, погледнете ги тука.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

„Бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, ама немам врска со фирмата“: СДСМ и денеска бараат одговорност од Томовски

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак

Проф. Јаковљевиќ: Македонските граѓани можат да не контактираат за вакцината за рак

Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски

Македонија денес го одбележува денот на Свети Климент Охридски

ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена

ДВЕ ЛИЦА ФАТЕНИ ГО ГОЛЕМА КОЛИЧИНА АЛАТ БЕЗ ДОКУМЕНТАЦИЈА: завршија во затвор, а робата им е одземена

НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите

НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ДЕНОВИВЕ - температурите над просекот, еве ги деталите

„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи

„Едвај завршиле гимназија, а купиле факултетска диплома“: Најчевска со нова критика и прашање до јавноста на социјалните мрежи

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите