ВАКЦИНИРАНИТЕ МОЖЕ СЛОБОДНО ДА ПАТУВААТ ВО ЕУ: Вакциналниот сертификат е признат во сите европски земји, кажа Филипче
Објавено во: Македонија 31 Август, 2021 13:16
Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција соопшти дека вакцинираните
граѓани од Македонија можат
да патуваат насекаде низ Европа
со тоа што треба да приоложат документ дека се вакцинирани, односно треба да го
приложат ковид сертификатот.
- Одлуката што ја донесе Европската Унија и нам ни оди во прилог, односно на нашата политика, а тоа е да има што поголем број вакцинирани граѓани. Токму со тие сертификати за вакцинација нема никакви рестрикции, не се бараат ни ПЦР, нема ни карантин. И тоа доказ дека целиот свет оди во тој правец, да се нормализира животот, целосно свесни дека само така може да се врати нормалниот живот и движењето на луѓето кои се целосно вцакцинирани. И во Европа само вакцинирани луѓе може да влегуваат секаде и на разни настани. За патување во земјите од ЕУ, на пример Германија на вакцинираните лица не им се потребни ПЦР тестови и карантин. Исто така, знам конкретно за Германија, потребен е ПЦР на оние кои не се вакцинирани, но задолжителен е 5-дневен каранти, потоа тестирањето ќе се повтори. На тој начин се обезбедува земјата од ширење на вирусот, истакна министерот.
Филипче информираше и за опфатот на вакцинацијата, нагласувајќи дека најмногу, околу 50-60 отсто од граѓаните се вакцинирани во Охрид, Кавадарци, Неготино, а најмалку во Гостивар, каде едвај се вакцинирани околу 20 проценти од популацијата.
-Нагло се зголемува заинтересираноста за вакцинација во Тетово, таму има најголем раст за околу 15 отсто. Досега со една доза е вакцинирано 43 проценти од населението кои се над 18 години, 28 проценти над 18 до 39 години, 52 проценти на 40 и над 40 години. Околу 73 проценти се вакцинирани граѓаните над 70 години.
А. Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




