„ВАЛЕ ЈАДЕЛА РЕДОВНА ПОРЦИЈА ЌОТЕК, НЕОПХОДЕН Е ДЛАБОК РЕЗ ВО ЦЕНТРИТЕ ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА“ - повторно се огласи адвокатот, а еве што им порача на некои мажи
Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2024 12:27
Повторно се огласи адвокатот Јанаки Митровски за случајот во Кратово, каде жена ги уби сопругот и свекорот, но по семејно насилство.
„Последниот маритицид во Кратово е доказ за системската слабост во заштита на жените жртви на семејно насилство. Сопругот неколку пати пријавуван, еднаш или два пати осуден и никому ништо. ОЈО Куманово со цел памет покренува постапка за двојно убиство со умисла кое носи потенцијална казна доживотен затвор, игнорирајки го сопственото соопштение каде јасно стои дека непосредно пред убиството Вале јадела редовна порција ќотек. Подеднакво се виновни и ЦСР, суд и полиција кои не пружиле соодветна заштита.
Прво нешто што треба новиот министер да стори од наредна недела е да направи длабок рез во Центрите за социјана работа, а МВР богами и да поапси некој. Во меѓувреме во паланкава во која живееме има и такви кои пропагираат дека убиството не било решение и дека жртвата едноставно требала да си замине.
Во мојата веќе петнаесетгодишна кариера научив да презирам две категории "мажи": такви што си ги тепаат жените и тие што избегнуваат алиментација или се ценкаат за истата. Се сте освен мажи!“, пишува адвокатот во свој пост на фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




