19 Декември, 2025
0.0478

Валентина Божиновска: СДСМ се тие кои „забиваат“ ножеви

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2016 09:35

Добивај вести на Viber

Валентина Божиновска, претседателката на Комисијата за односи меѓу верските заедници, се оправдува дека на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред ДИК не го спомнала терминот „Ноќта на долгите ножеви“ што е настан од нацистичката историја кога Хитлер наредил егзекуција на неговите неистомисленици и противници при што биле заклани над 80 луѓе. 

– Најостро ги демантирам и категорично ги отфрлам извадените зборови од контекст од мојот говор. За жал, тие што не го читале Анте Поповски и останатите македонски поети, не знаат за што станува збор. Во ниту еден момент не спомнав „ноќ на долги ножеви“, напротив зборував дека СДСМ и ДИК подготвуваат и забиваат нож на демократијата и на силната волја и слободниот избор на граѓаните на Р. Македонија кои одлучија на предвремените парламентарни избори, вели Божиновска.

Да потсетиме дека Божиновска рече ова е ноќ на ножевите, и имаше сосема жестока реторика против СДСМ и нивните поддржувачи. Ако сега сака да се оправда дека не мислела на нацистички масакар зошто воопшто искористи таков термин знае само Божиновска но, колку и да се обидува да се дистанцира јавноста не го оправдува ниту тонот, ниту обвинувањата кои водат кон поделби на народот.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот