Добивај вести на Viber
Економските односи помеѓу Кина и САД се постојано тема на дискусија помеѓу политичарите на најмоќната земја во светот. Со приближувањето на изборите оваа тема станува една од најглавните прашања во дебатата.
Впрочем, Кина после Канада е најголемиот трговски партнер на САД. Двете земји меѓусебно разменуваат производи во вредност од повеќе од 500 милијарди долари. Нормално, Кина остварува суфицит од скоро 300 милијарди. Од друга страна, САД на Кинезите им се убедливо најголем индивидуален партнер. Како што може да заклучите се работи за многу пари, но и за многу интереси.
Една од главните оружја на Републиканците во оваа дебата е дека Обама е премногу мек спрема Кинезите. Последен повод за таков напад беше одложувањето на извештајот кој го публикува министерството за финансии на САД за активностите и политиките кои ги водат најголемите трговски партнери на САД. Според последниот извештај Кина не дозволува поагресивно растење на јуанот во однос на доларот. Растењето на јуанот значи намалување на конкуретноста на кинеските производи во САД, а зголемување на американските во Кина.
Од друга страна треба да се има во предвид дека јуанот од 2005 година зајакнал цели 30% во однос на доларот, но се чини дека САД продолжува да трупа трговски дефицити, додека Кина станува еден од најголемите доверители на САД. Во период од само 10 години учеството на Кина во долгот кој го има САД кон надворешни доверители, пораснало од 6% во 2000, на 27% во 2010 година. Денеска тој процент е уште поголем.
Мит Ромни вели дека првите денови во овалната канцеларија би ги искористил да ја прогласи Кина за валутен манипулатор, бидејќи според него таквата политика ги краде американските работни места и ја руши американската конкурентност.
Дали ќе биде тоа така, ќе дознаеме во ноември.

Димитриоски Милан
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: