06 Октомври, 2024
0.0242

Ванчо Узунов: во 2014 ќе се влоши стандардот на населението!

Објавено во: Економија 05 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Ванчо Узунов, потпретседател на СДСМ за Фактор вели оти годинава не очекува подобрување на животниот стандард на граѓаните. Според Узунов погрешните владини политики се гледаат и во градежништвото и во земјоделието каде субвенции добиваат оние кои не се земјдоелци, а земјава се повеќе увезува храна Фактор: Како ја оценувате 2013 година на економски план? Узунов: „Економијата во 2013 година стагнираше. Точно е дека БДП ќе покаже поголем раст во однос на претходните години. Но, анализите на податоците покажуваат дека тоа е се должи на порастот регистриран во градежништвото и тоа врз основа на јавни инвестиции, преку Буџетот и тоа преку заеми. Ова значи дека ние само статистички ние имаме некаков раст од 2 -3 %, но, тоа за граѓаните реално ништо не значи, бидејќи стандардот не расте. Фактор: Какви се очекувањата за 2014 ? Узунов: Гледајќи ги плановите на владата за економската политика претставени преку Буџетот, не сум оптимист ниту за 2014 година. Од тие податоци, јасно е дека повторно владата се потпира на градежништвото кое треба да биде главниот носител на растот. Иако сега има мало освестување кај владата и после седум години фрлање пари за споменици, сега се најавува изградба на автопатишта. Но, повторно по истиот модел - со кредити. Индикатор за песимизмот е дека македонската економија не покажува раст на индустријата или на земјоделското производство. Реално не очекувам дека стандардот на граѓаните ќе се подобри во оваа година, дури напротив сметам дека може да се влоши. Половина од субвенциите за 2012 година не се исплатени, а исплатата за 2013 година е еднаква на нула. И граѓаните се веќе свесни дека ако има избори годинава, а претседателски ќе имаме сигурно, тогаш ќе добијат половина од неисплатените субвенции за 2012 година. Тоа не е поддршка на земјоделието. Но, исто така сакам да кажам дека парите од субвенциите не завршуваат во рацете на вистинските земјоделци. Парите од субвенциите завршуваат кај некои богати луѓе во земјава, кои си купиле државни парцели по едно евро. Тие богати луѓе ги засадиле парцелите со некакви култури, но јасно е дека ниту сакаат, ниту имаат намера да се занимаваат со земјоделство. А, ниту пак ја собираат реколтата. Но, тие богати луѓе во Македонија добиваат субвенции за посеана површина. Ете така, најголемиот дел од  субвенциите ако се исплатат завршуваат кај големите риби, а на оние кои се вистински земјоделци, и кои живеат од тоа им се бара партиска подобност и гласање на избори. И ова не се само, празни зборови. Сето ова е поткрепено со бројки кои покажуваат дека се намалува обработената земјоделска површина, а и  приносите се помали. Од друга страна се зголемува увозот на прехрамбени производи.  Ете тоа е ефектот на субвенциите.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта