Ванхауте: Кој е вистинскиот победник од изборите?
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2016 18:22
Екс посредникот во преговорите, Питер Ванхауте за изборите во Македонија напиша текст под наслов: „Кој е вистинскиот победник од изборите?”
Тој им честита на сите граѓани кои гласаа за промени. Вели дека избрале вистинска демократија, која не е расипана со корупција, со неправилни именувања, од атмосфера на страв. Ванхауте вели дека Македонија заслужува нов почеток со нова Влада и нови лица.
„Оние кои мислат дека можат да продолжат по авторитарниот пат, не се во право. Вие, тивкото мнозинство, покажавте дека се грижите за иднината на вашата земја, со вашиот глас, ви покажавте дека сакате да живеете во слобода во просперитетна земја со иднина – за вас и вашите деца. Топката сега е во кампот на албанската заедница: тие ќе одлучуваат за она што ќе се случи следно. За Албанците, јас би сакал да го кажам следново: “Не го губете времето повеќе. Не учествувајте повторно во владата, каде што сте целосно маргинализирани. Да, сте имале некои министри, па дури и заменик-премиер. Но, за сите важни одлуки, вие бевте отфрлени од страна на вашиот коалиционен партнер. Каде се економските инвестиции во вашиот дел од земјата? Што е со инфраструктурата, за училишта, болници, патишта?“ - пишува тој.
Пишува дека е време да се почне да се работи повторно на интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




