19 Декември, 2025
0.0418

Ванхауте: Во Македонија е забрането и да се спомне федерализација, но тоа не претствува зло

Објавено во: Македонија 15 Март, 2017 10:50

Добивај вести на Viber

Да, во Македонија е забрането и да се спомне зборот федерализација, пишува белгискиот дипломат Питер Ванхауте во текстот со наслов „Забранетиот збор - федерализација“, објавен на интернет-блог.  

Додава дека ако, сепак, го сторите тоа, ве обвинуваат дека сте противник, некој кој е против државата и кој сака да ја подели земјата. Објаснува дека тоа неодамна се случи со СДСМ и со платформата на албанските партии. Ванхауте смета дека таквите обвинувања им користат на оние кои владеат авторитативно. 

„Но, треба да погледнеме зошто федерализацијата не претставува зло, дури и за држава како што е Македонија. Во светски рамки, 40% од населението живее во држави со федеративна структура. Меѓу таквите држави се големите САД и Индија, како и малите Белгија и Австрија. Повеќето од федералните држави се стабилни и не се склони кон распаѓање“ - пишува Ванхоуте.

Тој наведува дека федерализацијата се користи за решавање на конфликти. Според него,  голема предност е што заедниците можат да добијат еднакви права од централната власт. 

„Од 2001 година, Македонија дефакто има некои карактеристики на федерална држава, со прифаќањето дека владата се формира помеѓу една партија од најбројната заедница и една партија од втората најбројна заедница. Но, ова не ги решава сите проблеми“ - смета Ванхауте. 

Без разлика на сугестиите на некои политички лидери и партии во Македонија, државата нема да се распадне со прифаќање на фактот дека сите граѓани се еднакви. Државата нема да исчезне со признавање на вториот јазик, пишува Ванхауте. 

Ванхауте уверува дека Македонија би можела да има корист од прифаќање на фактот дека сите граѓани се еднакви.

Тој многу пати досега своите ставови за случувањата во Македонија ги објавуваше на Твитер. 

Можеби ќе ве интересира

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица