26 Ноември, 2024
0.1918

Ванхојте за Фактор: ВМРО-ДПМНЕ да не учествува на избори додека не се демократизира, а Владата да не „купува“ гласови на пратеници

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Предвремените парламентарни избори не можат и не треба да бидат опција. Владата доби мандат од граѓаните и нивната работа е да продолжат до крај, без оглед на тешкотиите со кои се соочуваат, вели во интервју за Фактор Питер Ванхојте, поранешен посредник на Европската Унија во преговорите меѓу партиите во Македонија во Пржино. Тој се огласи меѓу првите за резултатите од референдумот, во неделата, но за Фактор одговара и на дилемите што понатаму. Вели дека ЕУ треба да ја притисне Грција да не инсистира на испонување на роковите од Преспанскиот договор, за да се консолидира и Македонија. Сепак е категоричен дека Владата во Скопје, освен оваа задача има и многу други, дури и поприоритетни, а тоа с ереформите во здравството, образованието, судството. Порачува Заев да не купува гласови од позицијата туку да ги убеди дека ратификацијата на договорот е важна. Бара работа на терен.

„Главната причина за резултатите од референдумот е фактот дека Избирачкиот список на гласачи сѐ уште е многу проблематичен. За да се развие ефикасен регистар на гласачи, потребено е да постои функционален цивилен регистар, за што ви треба јасен договор за имињата на улиците и бројот на куќата за секоја општина. Тоа ќе овозможи да знаете кој живее таму на точната локација.  Значи, регистарот на гласачи може да се исчисти само ако имате функционален цивилен регистар. Покрај тоа, треба да се земат во обзир луѓето што живеат надвор од земјата. Ова има врска со обврската за престој во земјата. Многу од нив едноставно го немаат ова повеќе, или само прикажуваат лажен престој каде што тие или нивните роднини порано живееле. Верувам дека овој систем треба темелно да се разгледа.

Премиерот Заев излезе со две сценарија,  да обезбеди 80 пратеници или да се оди на предвремени парламентарни избори во ноември. Која од овие две опции е најоправдана и најизводлива?

Во однос на различните сценарија за премиерот Зоран Заев. Можно е да се постигне 2/3 мнозинство во парламентот. Сепак, се надевам дека актуелната коалиција нема да ги "купи" тие гласови, туку може да го добие мнозинството со убедување на пратениците врз основа на аргументи.

Дали нови избори се решение, има ли доволно време да се организираат, а во меѓувреме да не се наштети на преговорите со Грција. Преспанскиот договор треба да се реализира до крајот на годината?

Предвремените парламентарни избори не можат и не треба да бидат опција. Владата доби мандат од граѓаните и нивната работа е да продолжат до крај, без оглед на тешкотиите со кои се соочуваат. Ајде да биде јасно: проблемот со името е товар, но граѓаните во Македонија се соочуваат со многу поголеми проблеми поради недостаток на економски развој, слабо функционирачки образовен и здравствен систем и проблеми со системот на владеење на правото. Лесно е да се скриете зад проблемот со името, но дури и ако ова утре се реши, остануваат останатите проблеми. Дури и процесот на пристапување кон ЕУ (и НАТО) нема да донесе никакви промени за просечните граѓани на краток рок. Но, да, сите се согласуваме дека секако пристапувањето во ЕУ може да биде корисно на долг рок. Затоа, предвремените избори не се опција, но Владата треба да се фокусира на вистинските приоритети на земјата.

Дали Владата ги реализира ветувањата, постојано посочувавте дека треба да се работи на реформите, правото и администрацијата?

Ако не е можно да се измени Уставот, доколку не се обезбеди двотретинска поддршка, верувам дека Владата треба да ги остави сите опции отворени, вклучувајќи ги и проширувањето на тековните рокови со Грција. Технички, роковите со Грција во Преспанскиот договор веќе не можат да се исполнат, така што ќе има потреба од некое продолжување. Во принцип, тоа не треба да биде проблем се додека процесот е на вистинскиот пат. И јас верувам дека ЕУ треба да стане погласна ако Грција одеднаш сака да се откаже од процесот поради постојните рокови. Спорот за името е првенствено европско прашање, а Грција е земја-членка на ЕУ, па затоа обврската на ЕУ да го реши овој проблем еднаш засекогаш. Тоа не е прашање само помеѓу Грција и Макдонија.

Ако фокусот на Владата е само за интергацијата во ЕУ и НАТО тоа не е во ред. Тие, исто така, се обидуваат да направат некои внатрешни реформи, но според мене, тоа е премалку и најчесто се случува доцна. Прво би сакал да видам амбициозна визија за оваа влада за сите клучни области кои навистина им се важни на граѓаните. И покрај визијата, очекувам оваа Влада да развие амбициозен план за имплементација, почнувајќи од денеска. Само два примери на предизвици: подобрувањето на здравствениот систем започнува со одржување на компетентни здравствени работници во земјата, кои работат во јавното здравство. Единствениот начин да се постигне ова е преку зголемување на платите и обезбедување подобри работни услови. Во образовниот систем, децата не треба да учат лажна историја и приказни за нееднаквоста помеѓу различните категории на население. Отстранете ги овие страници и заменете ги со точни информации или кажете им на наставниците да не ги користат овие прирачници повеќе и тоа од денес.

Што доколку Преспанскиот договор пропадне. Што ќе значи тоа за Македонија?

Постои ризик договорот од Преспа да не успее, но тоа ќе биде одговорност и на ЕУ, бидејќи Грција е членка на Унијата и договорот е од клучно значење за ЕУ. Неуспехот на сегашниот договор ќе значи само дека вистинскиот исход на процесот не е добар. Значи, време е да се преиспита сето тоа и да се рестартира со преговарање во различни услови.

Дали може да се постигне подобар договор со Грција, опозициската партија ВМРО ДПМНЕ вели дека може да направи успешен компромис?

Во многу земји, партиите како што е ВМРО-ДПМНЕ може да бидат ослободени од учество на избори се додека не го исчистат внатрешниот хаос. На партијата што во суштина не е демократска не треба да и биде дозволена да учествува во секој демократски процес. Јас верувам дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму има многу компетентни политичари кои би можеле да направат одлична работа како членови на една конзервативна партија. Навистина се надевам дека еден ден оваа партија ќе се врати на вистинскиот пат и навистина ќе се придржува до демократските вредности во рамките на партијата и надвор.

Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена за избори сè додека нема сериозни внатрешни реформи што ќе им овозможуваат на сите членови да се обединат зад платформа за демократска партија. Се сомневам дека ВМРО-ДПМНЕ би можела да преговара за подобар договор со Грција - ако е така, тоа требало да го сторат веќе одамна. Можам само да се надевам дека оваа партија, како што е случај и за сите други партии, ќе научи да се фокусира на тоа како да ги зближи луѓето за да се справат со вистинските приоритети, наместо да ги делат со националистичка реторика.

Ѓ.Т.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик