ВАЊА БИЛА ЖИВА ПРЕД ДА БИДЕ ЛИКВИДИРАНА, КЛЕЧЕЛА НА КОЛЕНА: Обвинителите презентираа потресни материјални докази и за Панче Жежовски
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2024 12:51
На денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања
Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес,
беа презентирани потресни материјални докази за бруталните ликвидации.
Обдукцијата утврдила дека и двете жртви биле изложени на големо физичко страдање пред да бидат убиени.
Вања била застрелана во глава од растојание од половина метар, од задната страна на телото, во момент кога клечела. Анализите покажале дека трагите од кал под нејзините нокти, како и на врвовите на нејзините патики, укажуваат дека се движела низ каллива подлога непосредно пред ликвидацијата.
Обвинителството изнесе и други клучни докази, меѓу кои и фотографии од мобилниот телефон на Панче, пронајден фрлен во трње, и снимки од местото каде што биле откриени телата. Телото на Панче било закопано во плитка дупка од 60 сантиметри длабочина и 160 сантиметри дијаметар, каде што била пронајдена и чаура од куршум.
Обдукцијата открила дека смртта на Вања и Панче била насилна. Кај Вања, брисот од лепливата лента која и била залепена преку устата, содржел ДНК на две лица – нејзината и онаа на Велибор Манев, еден од обвинетите. Панче, пак, бил убиен со куршум во главата.
И двата куршума имале калибар од 9 милиметри и биле произведени во Самоков, Македонски Брод, прилагодени за користење во пиштоли и полуавтоматски пушки.
За овој брутален случај, обвинети се Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски, осомничени за грабнување и свирепо убиство на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, кои не поднеле никакви докази за своја одбрана. Тие ја признаа вината како соучесници и ја одведоа полицијата до локацијата каде што беа пронајдени телата.
фото: Вангел ТануровскиМожеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




