18 Декември, 2025
0.0527

Ванковска: Ова е капитулација на Македонија

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018 09:44

Добивај вести на Viber

Вчерашното обраќање на премиерот Заев беше само финалето на една најавена капитулација, вели за Фактор професорката Билјана Ванковска. Таа смета дека оваа одлука на Владата дозволува мешање во внатрешните работи и одземање на народниот суверенитет со прифаќање на употреба на новото, како што вели Ванковска, небулозно име на државата и за севкупна и за внатрешна комуникација и идентификација.

„ Англиската верзија на предложеното име (Republic of North Macedonia) не значи Република Северна Македонија, туку Република на северот од Македонија. Да беше Северна Македонија ќе гласеше Republic of Northern Macedonia. Откажувањето од постоењето на македонско национално малцинство е посебна приказна. Она што сега ќе се обидуваат да ни го „продадат“ (да го употребам изразот на Фрчкоски) е нешто што веќе го имавме и што е стекнато право низ целокупната историја на борба за самоопределување на македонскиот народ. Јазикот ни е признат во ООН уште од 70-те години - Заев прифаќа фуснота, што е преседан во меѓународната пракса, односно чекор назад. Истото е и за националноста Macedonian/citizens of Republic of North Macedonia, на кое ќе стои некаква „опашка“ дека немаме никаква врска со грчката цивилизација (небаре денешните Грци се директни потомци на Софокле и Платон!). Накусо, Пандорината кутија е отворена, единствен адут на Заев е надежта, која ќе ја продава како да е придобивка. Република Македонија ја чека умирање/гаснење на рати, освен ако граѓаните жестоко не се спротивстават на ваквата деструктивна политика на владата“, вели Ванковска.

Додава оти решението е вметанто од Грција, а дека Ципрас сега се однесува како освојувач на триумф. Забележува и што целиот процес бил воден тајно без координација со опозицијата, и со, како што вели, најдрско заобиколување на институцијата Претседател на Републиката. Според неа фазите на имплементација покажуваат отворена намера да се прекрши Уставот, со некакви акробации со кои би му се одзела инхерентната надлежност на Претседателот во врска со склучување на ваков вид меѓународен договор.Тврди дека ратификацијата на договорот со просто мнозинство во парламентот во ситуација кога Македонија презема обврска за менување и на уставот и на „личниот опис“ е во најмала рака скандалозно, а дека ветувањето дека граѓаните ќе го кажат својот збор на референдум е гола фраза, бидејќи ни самиот премиер не разликувал, како што вели,  задолжителен од консултативен референдум.

Фактор ќе објави мислења на повеќе јавни личности, професори, новинари, познавачи во однос на објавата на Владата, вчера, дека е постигнате решение за името и договор за спорот со Грција.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје