18 Декември, 2025
0.0789

Ванковска за „Фактор“: Дури и на Мицковски му дадовме инфузија, но на избори тешко до коалиција

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2018 07:00

Добивај вести на Viber

Професорката Билјана Ванковска, една од гласноговорниците и застапниците на „Бојкотирам“ вели дека движењето е преголем конгломерат на различности за да може да делува како една политичка коалиција доколку има брзи и вонредни парламентарни избори оваа есен како што најави премиерот Зоран Заев доколку не се обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието за уставните измени што ги бара Спогодбата од Преспа.

Се работи за поединци, неполитички групи и организации, фракции и партии, мрежи, здруженија од дијаспора, центри, а поддршка наоѓааи и во претседателот Ѓорѓе Иванов.

- Искрено, не очекувавме дека Заев веднаш по референдумот ќе излезе со датум 25 ноември за евентуални парламентарни избори. Ние сме хоризонтално движење без хиерархија, од крајна левица до крајна десница. Од ресурси, главно користиме само социјални мрежи. Во тие рамки, постојат и партии кои не се гледаат еден до друг на избори. Не ги гледам Димитар Апасиев, Стевчо Јакимовски, Јанко Бачев или Солза Грчева заедно. Сепак, доколку има избори верувам дека на овие партии нема да се гледа како на маргинализирани,.По овој успех што го постигнавме, Левица и Глас за Македонија и другите сега се факторизирани и добија на виделина, па дури и на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ „му дадовме инфузија“, иако немаме никаква врска со него ниту пак тој со нас. Ние немаме никаков политички профит од ова, иако некои добија добри поени покрај нас и сакаат да си ги препишат заслугите  - вели професорката по политички науки.

Таа додава дека ентузијазмот нема да се намали по посакуваниот исход на референдумот, односно истиот да мине без цензус, туку напротив, вели таа, тоа им дава ветар во грб.

- Бевме премногу хиперактивни пред референдумот, но бидејќи успеавме, мотивацијата е голема. Движењето „Бојкотирам“ сигурно нема да се растури и да го снема барем до Нова Година. До тогаш се очекува да трае процедурата за уставни зимени во Собранието, доколку нема избори. Знаеме дека допрва ќе има лиитација со пратеници за да се обезбедат 80-тина и остануваме будни - изјави Ванковска.

Прогнозира дека власта ќе загуби најмногу ако не го земе бојкото в предвид и недоволната излезност, бидејќи на долг рок ќе загуби голем број гласачи од своето тело.

- Ние го претставувавме Демосот, кој правеше ајвар дента на 30 септември. Тие и понатаму можат да покажуваат ниско ниво на политичка култура, но треба да знаат дека си ги множат со нула своите потенцијални гласачи за избори. Треба да знаат како главни политички играчи може да го предизвикаат феноменот „пасокизација“, како во Грција и СЛовенија, и да го загубат легитимитетот со избивање на други опции. Ние ќе останеме позитивни и ќе ја креваме атмосферата без тензии и без правење нереди. Од друга страна, добро е што ја задржавме перцепцијата дека немаме ништо заедничко со опозицијата - смета Ванковска.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија